За Нас 

7 Април Клима е прва приватна фирма за вентилација и климатизација основана 1985год. во Македонија, којашто повеќе децении работи успешно во Македонија и надвор од неа.

На темелите на повеќедецениско работење, нашата фирма стекна завидно искуство во способноста и знаењата за професионална изведба од проект до пуштање во работа на системите за вентилација и климатизација.

Основна цел во работата ни е квалитетот на изработка и услуга, за совршено функционални изведени проекти и задоволни клиенти.

За таа цел имаме континуирана едукација за да бидеме во чекор со светските иновации и трендови во оваа област.

Фирмата 7 Април Клима поседува автоматизирано производство на сите потребни елементи за климатизација и вентилација кое се одвива во производствена хала од 1600м2.

Со целосниот производен асортиман на фирмата и референтно изведените работи можете да се запознаете на посебните страници од нашиот сајт.