top of page
7 Април Клима е прва приватна фирма за вентилација и климатизација основана 1985год. во Македонија, којашто повеќе децении работи успешно во Македонија и надвор од неа.
На темелите на повеќедецениско работење, нашата фирма стекна завидно искуство во способноста и знаењата за професионална изведба од проект до пуштање во работа на системите за вентилација и климатизација.
Основна цел во работата ни е квалитетот на изработка и услуга, за совршено функционални изведени проекти и задоволни клиенти.
За таа цел имаме континуирана едукација за да бидеме во чекор со светските иновации и трендови во оваа област.
Со целосниот производен асортиман на фирмата и референтно изведените работи можете да се запознаете на посебните страници од нашиот сајт.
За Нас
Фирмата 7 Април Клима поседува автоматизирано производство на сите потребни елементи за климатизација и вентилација кое се одвива во производствена хала од 1600м2.
bottom of page